Реконструкција на Владата, Заев: Сè уште сме на почеток на разговорите

Премиерот Зоран Заев за Алсат денеска потврди дека се во тек разговори за проширување на владејачката коалиција, но се уште нема конкретни резултати и покрај информациите дека ДПА ќе остане надвор од извршната власт. Алсат М дознава дека партијата на Тачи ги иритира властите со многуте барања за важни места. Според нашите извори, поблиску до извршната власт се двете крила на Движењето Беса. Оттаму изразија подготвеност за соработка и велат дека во текот на неделава во нивната агенда се предвидени состаноци со СДСМ. Во меѓувреме, ден претходно се зголеми бројот за еден пратеник во парламентарното мнозинство со претставник на турската партија, кој во јануари оваа година замина од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и премина како независен пратеник. Тоа денеска го потврдија и од владата.

Досега, јасен е само ставот на Алијансата за Албанците, која на партиското собрание вчера во Кичево одлучи во никој случај да не биде дел од било кој нов владин состав на кој нема да му претходат парламентарни избори. Оваа одлука се темели врз индикациите дека владејачката гарнитура не е доволно убедлива во својата посветеност за темелни реформи во Македонија