Фридом Хаус: Првпат од 2010 година во Македонија има подобра демократија

Македонската демократија и начин на владеење забележува мало подобрување, прв пат од 2010 година, оценува Фридом Хаус во извештајот Нации во транзиција, кој ги оценува демократските реформи во 29 поранешни комунистички држави од централна Европа и Азија.

На скалата од 1 до 7, од нависоко до најниско ниво на демократија, Македонија има скор од 4,36, што се уште ја става во категоријата на транзициска власт или хибриден режим. Овој скор е мало подобрување во споредба со ланскиот, историски најлош резултат за земјава од 4,43 и претставува прва промена во позитивна насока од 2010 година кога резултатот бил 3,79 и седум последователни години само опаѓал.

Македонија има најдобар резултат во областа граѓанско општество, а најлош резултат во независноста на медиумите.