Авторката на серијалот романи за Хари Потер, Џ.К. Роулинг, ќе донира милион милион фунти на две британски добротворни организации кои во текот на пандемијата од корона вирус им помагаат на загрозените од заразата.

Таа на објавата на Твитер која ја напиша по повод 22 годишнината од „Битката кај Хогвортс“ значаен настан во серијалот, истакна дека многумина во вистинскиот свет ги губат своите најмили, а дека не е најпригодно да се зборува за смртта во светот на фантазијата.

„Како што секогаш е случај со вакви кризи, најсиромашните и најранливите се најтешко погодени“, напиша Роулинг.

Како што пренесе Си-ен-ен, таа напиша дека половина од донацијата ќе биде упатена на една хуманитарна организација која им помага на бездомниците, а другиот дел на организација која им обезбедува дом на жртвите на семејно насилство, кое во услови на пандемија стана поизразено.