САД– Академијата за филмска уметност и наука ќе донира 6 милиони долари за да им помогне на вработените во филмската индустрија, кои се во голема финансиска криза заради избувнување на Ковид-19.

Академијата ќе донира средства за институции фокусирани на поддршка на различни филмски дејци, зад и пред камерата.

The Actors Fund и  Мotion Picture & Television Fund ќе добијат по 2 милиони долари. Двете национални организации за човечки услуги им даваат итна помош на поединци кои работат во филмската индустрија за време на кризи.