Актерката Катерина Коцевска е именувана за в. д. директорка на Драмски театар, пишува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Коцевска, која е членка на ансамблот на Драмски, доаѓа на местото на Викторија Рангелова-Петровска, која минатата недела поднесе оставка откако премиерот Зоран Заев на 17 јули препорача нејзино разрешување.

Коцевска во јануари 2018 беше именувана за уметничка директорка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.