Во соработка со Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, деновиве се одржаа неколку настани од културата во оваа земја. Од  9-ти до 11-ти мај во Софија се одржа  „12-тата Македонска книжевна визита“, од Република Северна Македонија во Република Бугарија, во организација на „Макавеј“ од Скопје.

Беше промовирано делото на Димитар Башевски, беше врачена наградата „Книжевен Дедал“ на бугарскиот  писател и издавач Пламен Тотев, а на поетското читање учество земаа автори од двете земји.

На еден од најпрестижните поетски фестивали во Република Бугарија, „Орфеј“ кој се одржува во Пловдив-годинешен Град на културата во Европа, победи македонскиот поет Никола Маџиров. Поетесата Славица Гаџова Свидерска доби награда за најдобра песна на фестивалот.

На еден од познатите театарски фестивали во Бугарија, „Тара-ра-бумбија“ што се одржува во Благоевград, со голем успех зеде учество КИЦ на РСМ, со претставата „Страстите на Илија“ од Димо Дешев во изведба на македонскиот актер Игор Дамјанов, а во режија на Чавдар Крстев.