Власта и опозицијата се координираат за изборниот систем

На 21 мај на парламентарна седница се очекува да се усвои одлуката за објавување на јавен конкурс за нови членови за Државната изборна комисија. Власта и опозицијата потврдија дека немаат несогласувања за привременото решение за составот на институцијата која ги организира изборите. Оваа институција ќе биде вратена во претходниот формат, со седум членови, претседател и двајца членови од редовите на опозицијата, како и со потпретседател и тројца членови од власта. Сите процедури за назначување и преземање на задачите од новите членови се очекува да завршат до крајот на јуни. Нивниот мандат ќе биде шест месеци. Поконкретно, преговарачките парламентарни групи за реформските закони, од есенва треба да се согласат за други промени во Изборниот законик каде што ДИК се очекува да функционира само како административна институција, а членовите да се избираат шест месеци пред секој изборен циклус. Колку е веројатно да се постигне договор за промени во изборниот систем, односно да се постигне договор за само една изборна единица и гласање со отворени списоци, партиите се генерално оптимисти.

Ова прашање беше дел од пржинските разговори, но за него не беше постигнат договор. И покрај фактот што системот со една изборна единица и отворени листи беше предлог на СДСМ, со него сега не се согласува ДУИ, од каде бараат три изборни единици.

Власта и опозицијата се надеваат дека разговорите за реформските закони ќе завршат до крајот на годинава, а сите отворени прашања да бидат преточени во конкретни предлог-закони.