Двајца
доајени,
комплексни
автори,
личности
кои
целиот
свој
живот
го
посветија
на
уметноста,
ја
задолжија
македонската
кинематографија
и
оставија
траен
белег
во
нашата
култура

костимографот
Зорка
Тодорова
Младеновиќ
и
актерот
Коле
Ангеловски
денеска
ги
добија
наградите
„Златен
објектив“
за
2020
година
од
Кинотеката
на
С.
Македонија.

Пригодните
плакети
и
значки
на
лауреатите
им
ги
врачи
директорот
на
Кинотека, Владимир
Ангелов,
а
слово
за
нивното
дело
одржа
филмологот Атанас
Чупоски.

На
доделувањето
на
наградите
му
претходеше
куса
видео-проекција
која
преку
фото-колаж
ги
прикажа
најзначајните
остварувања
на
Тодорова
Младеновиќ
и
Ангеловски.

-Многу
ми
е
драго
за
оваа
награда
и
посебно
ми
значи
зашто
моите
почетоци
се
врзани
токму
за
Кинотеката.
Кога,
не
времето,
добив
француска
стипендија
за
филмски
истражувања,
имав
бесплатна
карта
за
Кинотека.
Влегував
во
10
часот,
а
излегував
во
03:00.
Изгледав
400
филмови
што
беше
огромно
богатство
за
мене.
Нашата
Кинотека
е
сериозна
и
значајна
институција
која
заслужува
многу
поголемо
внимание
и
од
државата
и
од
младите
режисери
и
студенти.
Има
одлични
циклсуи
филмови
и
своја,
постојана
публика,
рече
Ангеловски.

Тодорова-Младеновиќ
се
надоврза
на
Ангеловски.
Кажа
дека
додека
престојувала
во
Париз,
каде
и
студирала,
постојано
одела
во
Кинотека.
Имала
прилика
и
да
се
запознае
со
тогашниот
директор
на
таа
институција.

-Го
сакам
филмот,
работам
на
филм
и
од
сите
мои
дејности
најмногу
сакам
да
работам
на
филм
како
костимограф,
рече
Тодорова-Младеновиќ.

Тодорова-Младеновиќ
е
филмски
и
театарски
костимограф,
моден
дизајнер
и
автор.
Дипломирала
на
отсекот
сценографија
и
костимографија
на
Националната
школа
за
декоративни
уметности
во
Париз,
Франција,
во
1968
година
по
што
се
вработува
во
Радио-телевизија
Скопје
како
костимограф
за
ТВ-серии,
драми
и
забавно-музички
емисии.
Истовремено,
работи
костими
и
за
играни
филмови
(„Мементо“,
„Жед“,
„Истрел“,
„Исправи
се,
Делфина“,
„Црвениот
коњ“,
„Мемо,
мојот
татко“,
„Хај-фај“,
„Војната
заврши“
итн.)
и
за
театрски
претстави
(во
Драмскиот
театар,
кумановскиот
и
битолскиот
театар,
Театарот
на
националностите,
Театар
„Пралипе“
итн.).
Во
1977
година
специјализира
изработка
на
костим
на
Школата
на
синдикалната
комора
за
висока
мода
во
Париз
и
почнува
поинтензивно
да
работи
во
македонската
текстилна
индустрија
и
конфекција.
Подоцна
предава
историја
на
облека
и
модно
креирање
како
доцент
на
ФЛУ
и
вонреден
професор
на
ТМФ,
каде
што
се
пензионира.

Авторка
е
на
костимографски
решенија
за
повеќе
од
90
филмски,
телевизиски
и
театарски
проекти,
како
и
на
речиси
200
историски
костими
за
восочните
фигури
изложени
во
редовните
поставки
на
Музејот
на
македонската
борба
за
државност
и
самостојност
и
Археолошкиот
музеј
во
Скопје.

Никола
Коле
Ангеловски
е
филмски,
телевизиски
и
театарски
актер
и
режисер,
сценарист
и
драматург.
Првите
актерски
улоги
ги
има
уште
како
дете,
во
детската
радиодрама
и
детскиот
куклен
театар,
но
на
филм
дебитира
во
1962
година
во
југословенскиот
филм
„Саша“
на
Раденко
Остоиќ.
Дипломирал
актерство
на
Академијата
за
театар,
филм,
радио
и
телевизија
во
Белград,
а
од
1967
година
па
сè
до
пензионирањето
работи
во
Драмскиот
театар
во
Скопје.

Добитник
е
на
голем
број
награди
за
своите
филмови
и
улоги

филмски
и
театарски

и
покрај
Петре
Прличко
и
Илија
Џувалековски,
е
еден
од
македонските
актери
кој
остварил
најголем
број
улоги
во
југословенската
кинематографија,
покрај
домашната,
македонската.
„Битката
на
Неретва“,
„Жед“,
„Лито
виловито“,
„Да
се
дојде
и
остане“,
„По
Коњух
Планина“,
„Македонска
крва
свадба“,
„Оловна
бригада“,
„Јужна
патека“,
„Нели
ти
реков“,
„Собирен
центар“,
„Црвениот
коњ“,
„Храненик“
се
само
неколку
од
многуте
филмови
во
кои
се
појавува
Ангеловски.

Во
1973
година
го
режирал
својот
прв
долгометражен
игран
филм
„Татко
(Колнати
сме,
Ирина)“,
според
романот
на
Живко
Чинго,
со
Велимир
(Бата)
Живоиновиќ,
Неда
Арнериќ
и
Мето
Јовановски
во
главните
улоги,
а
во
1988
и
2017
година
филмските
комедии
„Викенд
на
мртовци“
и
„Ах,
љубов
моја“.

Кинотека, по
повод
роденденот
на
29
април,
секоја
година
доделува
„Златен
објектив“
на
филмски
работници
кои
преку
својот
професионален
ангажман
придонеле
за
создавањето,
развојот,
промовирањето
и
популаризацијата
на
македонската
кинематографија.