Синдикатот на културата (СКРМ) протестира со цел, како што велат да го изразат нивното незадоволство и разочарување од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години.

Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права.

Маршот почна напладне од паркот „Ибни Пајко“, позади Македонската филхармонија, продолжи пред Владата, а во моментов се протестира пред Министерството за култура каде се очекува краток говор на секретарот Гоце Павловски, претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.