Изложба
на
слики,
цртежи
и
графики
од
Пабло
Пикасо,
Виктор
Вазарели,
Илја
и
Емилија
Кабаков,
Кристо,
Родољуб
Анастасов,
Пјер
Суланж
и
Мице
Јанкуловски
вечерва
во
20
часот
ќе
биде
отворена
во
Галеријата
„Остен“
во
центарот
на
Скопје.

Поздравeн
говор
ќе
имаат
Мила
Царовска,вицепремиерка
и
Роберт
Алаѓозовски,
националниот
координатор
за
култура
при
Владата
на
Република
Северна
Македонија.

Во
ОСТЕН 
Музејот
на
цртеж
се
наоѓаат
дела
на
најголемите
уметници
во
светот,
меѓу
кои:
Пикасо,
Вазарели,
Дали,
Миро,
Мур,
Сулаж,
Крег,
Абрамовиќ,
Кристо,
Величковиќ,
Циуха,
Фукс,
Андерле,
Борн,
Рембрант,
Де
Кунинг,
Делакроа,
Пизаро,
Тулуз-Лотрек,
Алешински,
Брак,
Матис,
Хартунг,
Дикс,
Ернст,
Колвиц,
Пенк,
Такис,
Кунелис,
Бејкон,
Хокни,
Хамилтон,
Калдер,
Индиана,
Ворхол,
Лихтенштајн,…
како
и
дела
од
скоро
сите
значајни
македонски
уметници,
меѓу
кои:
Пандилов,
Мартиноски,
Аврамовски-Гуте,
Чемерски,
Хаџи-Бошков,
Хаџи-Василева,
Јанкуловски,
Кондовски,
Калчевски,
Коџоман,
Куновски,
Личеноски,
Манев,
Мазев,
Милјановски,
Митриќевски,
Наумовски,
Перчинков,
Ташковски,
Темкова,
В.
Василев,
Н.
Василев,
Шемов,…

Изложбата
ќе
биде
отворена
до
31
јули.