Балканската
поп-ѕвезда
Жељко
Јоксимовиќ
(48)
е
еден
од
специјалните
гости
што
годинава
ќе
го
збогатат
фестивалот
„Охридско
лето“.
Концертот
е
закажан
за
7
август,
во
Антички
театар.

-За
време
на
сите
настани
во
склоп
на
фестивалот
ги
следиме
препораките
за
заштита
од
Ковид-19.
Ќе
бидат
испочитувани
сите
владини
мерки,
намален
е
капацитетот
на
посетители,
има
растојание
од
два
метри.
Бројот
на
гости
секако
дека
ќе
биде
помал
од
500,
појаснуваат
од
фестивалот
чие
раководство
на
прес
конференција
во
понеделник
ќе
ја
објави
годинешната
програма
на
престижната
културна
манифестација.

Мајсторот
на
добрите
забави,
со
прекрасните
балади,
изминативе
години
ја
полнеше
до
последно
место
арената
„Борис
Трајковски“,
и
им
приредуваше
на
Скопјани
магични
предновогодишни
концерти
на
кои
пееше
џез
и
свинг-преработки
на
негови,
и
песни
од
колеги
од
поранешна
Југославија.

Јоксимовиќ 
е
успешен
и
на
Евросонг.
Прв
пат
ја
претставуваше
Србија
на
Евровизија
во
2004
година
во
Турција
и
како
изведувач-композитор
успеа
да
го
освои
второто
место
со
песната
“Лане
моје”.

Потоа,
како
композитор
учествуваше
уште
два
пати,
и
тоа
во
2006
година
заедно
со
Хари
Варешановиќ
и
нумерата
“Лејла”,
со
која
се
пласираа
на
третото
место,
и
во
2008
година
кога
за
Јелена
Томашевиќ
ја
напиша
песната
“Оро”,
со
која
таа
заврши
на
осмата
позиција.
Таа
година
Србија
беше
и
домаќин
на
фестивалот,
а
пејачот
заедно
со
неговата
сегашна
сопруга
Јована
се
појави
во
улога
на
водител.

Во
2012
година
повторно
имавме
можност
да
го
видиме
како
претставник
на
Евровизија,
кога
настапи
со
“Није
љубав
ствар”
и
заврши
како
третопласиран.