Заев песимист пред средбата со Ципрас

Премиерот Заев изјави дека следната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас не е со намера да се склучи конкретен договор за надминување на разликите околу името. Според Заев, самитот во Софија, кој се очекува да се одржи на 17 мај, не е од дел од вообичаените состаноци кои однапред си ги закажуваат Скопје и Атина, туку средба во рамките на самитот. Целта на состанокот ќе биде да се рекапитулира она што досега било дискутирано меѓу двете земји и во исто време да дадат насоки за следните чекори.

Запрашан дали ќе го прифати барањето на опозиција за лидерска средба, за да ги информира за чекорите што се преземаат за прашањето на името, Заев изјави дека е достапен за ваква средба ако опозицијата ја побара.

Од кабинетот на претседателот Иванов соопштија дека тој чека извештај од министерот за надворешни и од премиерот како течат преговорите за името. Иванов потенцирал дека мора да биде информирана исто како и јавноста и затоа треба да има лидерска средба на која би се добиле информации за направеното досега и за идните планови. Средбата Заев – Ципрас во Софија, во рамките на Самитот на земјите-членки и земјите кандидати за членство во ЕУ, ќе биде втор по ред за двајцата премиери, по онаа во Давос, Швајцарија.