Заштита
на
културното
наследство,
санирање
на
штетата
од
проектот
Скопје
2014,
ревидирање
на
Колективниот
договор,
обезбедување
услови
за
работа
на
културните
работници,
одбележување
два
јубилеја-50
години
од
смртта
на
Параскева
Кирјази
и
100
години
од
раѓањето
на
Блаже
Коневски,
отворање
и
затворање
на
поглавјето
26
од
преговорите
со
ЕУ;
кое
се
однесува
на
културата,
се
дел
од
приоритетите
во
програмата
на
новата
министерка
за
култура
Ирена
Стефоска.

Врвен
приоритет
за
Стефоска
е
грижата
за
нематеријалното
културно
наследство,
со
акцент
на
градот
под
закрила
на
УНЕСКО
Охрид,
потоа,
црквата
од
12 век,
Свети
Ѓорѓи
во
Курбиново
и
манастирот
„Успение
на
Пресвета
Богородица“
во
Матејче.


Црквата
во
Курбиново
е
од
12
век,
што
значи
не
е
само
наше
културно
наследство,
туку
е
и
светско
добро.
Ќе
побарам
таа
да
биде
прогласена
за
културно
наследство
во
опасност.
Со
тој
статус
ќе
се
мобилизираат
стручните
лица
и
меѓународни
експерти,
за
трајно
решавање
на
тој
проблем,
истакна
Стефоска
на
денешната
прес-конференција.

Таа
рече
дека
иницијатива
за
прогласување
на
културно
наследство
во
опасност
била
поведена
и
за
манастирот
во
Матејче,
но
сè
уште
не
е
одобрена.

Министерката
за
култура
лично
ќе
ги
обиколи
спомениците
од
Втората
светска
војна
за
да
види
во
каква
состојба се.
Таа
рече
дека
антифашистичката
борба
е
многу
важна
и
дека
младите
генерации
треба
да
живеат
во
духот
на
антифашизмот.

Стефоска
истакна
дека
проблемот
со
задоцнетите
плати
во
културата се решил
и се решава
со
макотрпна
работа.