Вечерва, во 20 часот, во камерната сала на Филхармонија, пијанистот Дино

Имери ќе одржи концерт со наслов „Зимска Бајка“. Концертот е всушност

збогатување на празничната атмосфера и одлична можност за подигнување на

новогодишното расположение.

Концертот симболично ќе започне со делото „Декември“ од Петар Илич

Чајковски, а ќе продолжи со Фрагменти од „Оревокршачка“. Потоа на концертот

ќе биде изведено делото на Сергеј Рахмањинов „Прелудиум во g-moll„, Франц

Лист – „Унгарска Рапсодија бр.2„, Јохан Штраус помладиот со неговата „ТричТрач Полка„ и „Ла Валс“на Морис Равел.

– Искрено и длабоко верувам дека генијалната музика на големите

автори кои ќе бидат дел од програмата ќе ги стопли срцата на сите

присутни и барем за миг заедно ќе ја пронајдеме магијата и

мистеријата на зимата. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата

со мојата домашна публика, непосредно пред моите настапи во

неколку европски престолнини, вели маестро Имери.

Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова и проф. Борис Романов (во чија класа и дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје со Cum Laude), како и со проф. Симон Трпчески, во чија класа магистрира на само 22-годишна возраст со просек 10 и со почести Cum Laude. Во својата досегашна дејност, Имери имал многубројни настапи во Македонија, но и во странство, и бројни награди.

Од декември 2018 г. се стекнува со звање Доцент и предава повеќе предмети на Факултетот за Музичка уметност во Скопје.