Македонското културно друштво „Македонија“ од Љубљана  објави избор од поезијата на млади македонски автори, насловен  „(Не)пар / (Ne)par: Dvojezični izbor sveže makedonske literature“.

Во изборот се опфатени 22 песни заедно со био-библиографски белешки на поетите: Јосип Коцев, Маријана Јанческа, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова и Стефан Марковски.

Изборот е во превод на група преведувачи под менторство на Намита Субиото, македонистка од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и Лара Миховиловиќ, професорка по македонски јазик, поетеса и преведувач.

Изборот „(Не)пар…“ ќе биде промовиран во декември во рамки на манифестацијата „Прешерново оро“ во Крањ, Словенија.