„Градот“ е насловена новата изложба на графики од уметникот Илија Пенушлиски која ќе биде в петок во галеријата „Акантус“. Изложбата ќе биде поставена до 26 јуни.

„Познавам раскошни градови. Сум видел и грди градови. Го знаев и го сакав Скопје. Сликам градови со децении. Ме опседнуваат. Од магијата на градот не можеш да побегнеш. Градот поседува моќ да те зграпчи, да те направи вљубеник, да те зароби или пак да те фрли во очај. Градот не е само глетка, не е само урбан простор. Градот ти се отвара зад секој нов агол и се шири низ напластените времиња. Градот може да биде континент што мами да го истражуваш повторно и повторно, ‘до бескрајот на непознатото за да се пронајде новото’“, ќе рече Пенушлиски.