Германската амбасада и Гете Институт Скопје на македонската публика ќе ѝ ја претстават највлијателната образовна установа во областа на архитектурата, уметноста и дизајнот – Баухаус, кој оваа година го слави својот 100 годишниот јубилеј. Настаните ќе се одржуваа во Кинотека и Музејот за современа уметност и се отворени за јавноста.

На 5 ноември во МСУ во 20 часот ќе се претстават 50 фотографии од Германија и од светот на берлинскиот фотограф Жан Молитор. Фотографиите ја прикажуваат архитектурата на Модерната од сите нејзини најразлични аспекти. Жан Молитор патува низ светот веќе десет години, поттикнат од визијата да создаде меѓународна фотоархива на градбите на Модерната.

Во проектот „bau1haus“, Молитор има за цел да го документира меѓународното влијание на Баухаус врз развојот на модерната архитектура. Притоа, тој сака да ги прикаже глобалните врски и космополитската размена на модерното градење. Од 2009 година, фотографот Жан Молитор од Берлин патува низ светот во потрага по наследници на Баухаус – во Берлин, Казабланка, Штутгарт или Хавана, Санкт Петербург или Гватемала, Виена или Букаву во Конго. Фотографот лично ќе го претстави својот проект во Скопје.

На 6 ноември во 19 часот на истата локација во Музеј на современа уметност ќе има проекција на филмот „Духот на Баухаус“ на Нилс Болбрикер и Томас Тилш. Потоа следи дискусија на темата значењето на Баухаус во Скопје.

На 4 ноември, Гете Институт Скопје ја организира на патувачката изложба „ bauhaus imaginista“ (баухаус имагиниста) во Кинотека. Изложбата е дел од истоимениот меѓународен проект на Гете Институтот.

По повод славењето на 30 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, кој, за време на студената војна, ја делеше Германија повеќе од 28 години, ќе се оджри филмско поппладне на 9 ноември во Кинотека во 14 часот. Ќе се прикажат филмовите „Борнхолмер Штрасе“ (траги-комедија од последните часови пред отворањето на ѕидот), „Гуд бај Ленин“ и „Небото над Берлин“. Амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, ќе го отвори филмското попладне.