epaselect epa08260336 Cast and crew form the movie accept the Golden Bear on behalf of Mohammad Rasoulof for the movie ‘Sheytan vojud nadarad’ (There Is No Evil) during the Closing and Awards Ceremony of the 70th annual Berlin International Film Festival (Berlinale), in Berlin, Germany, 29 February 2020. The Berlinale runs from 20 February to 01 March 2020. EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германија– Иранскиот филм „Нема зло“ на режисерот Мухамед Расулофа, синоќа ја освои наградата „Златна мечка“ на 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, соопшти претседателот на жирито Џереми Ајронс.

Филмот, кој низ четири приказни ги тематизира прашањата на смртната казна во Исламската Република, е забранет во земјата, а на режисерот не му беше дозволено да го напушти Иран за да ја прими наградата, пренесоа британските медиуми.

Во негово име наградата ја прими неговата ќерка Баран.

„Сребрената мечка“ за најдобра женска улога ја освои германската актерка Паула Бер за главната ролја во филмот „Ундине“, а во категоријата за машка главна улога награден беше италијанскиот актер Елио Џермано, за неговата главна улога во филмот „Сакав да се скријам“.

„Сребрената мечка“ за најдобро сценарио ја добија браќата Фаби и Дамијан Д’ Иноченцо за филмот „ Лоши приказни“.