САД-

Поранешната
сопруга
на
авторот
на
бестселерот
„Кодот
на
Да
Винчи“,
Дeн
Браун,
поднесе
тужба
во
која
 тврди
дека
човекот
познат
по
тоа
што
пишувал
за
заговори
и
тајните
друштва
водел
двоен
живот
за
време
на
нивниот
брак,
ја
мамел
со
холандска
тренерка
на
коњи
и
други
афери.

Во
својата
тужба
поднесена
во
Њу
Хемпшир,
Блит
Браун
исто
така
тврди
дека
му
била
инспирација
за
неговите
книги
и
за
насловот
„Кодот
на
Да
Винчи“.
Таа
исто
така
тврди
дека
Браун
криел
голем
број
на
идни
проекти
во
милионска
вредност
од
неа
,
вклучително
и
телевизиска
серија,
како
и
детска
книга
што
требаше
да
излезе
во
септември.

Најексплозивните
тврдења,
сепак,
се
вонбрачните
афери.
Опишувајќи
го
однесувањето
на
Браун
како
„незаконско
и
несериозно“,
Браун
изјави
дека
за
тоа
дознала
откако
се
развеле
во
2019
година
по
21
година
брак.

Таа
го
обвинува
најпродаваниот
автор
во
светот
за
тајно
пренасочување
на
средства
за
подароци
на
неименувана
тренерка
на
коњи,
вклучително
и
финансирање
за
бизнис
за
обука
на
коњи
на
неговата
љубовница.
Таа
тврди
дека
„нелегалното
однесување“
се
случило
во
Њу
Хемпшир,
Европа
и
на
Карибите.

“Ден
живее
живот
полн
со
лаги
во
последните
шест
години.
Даваше
слика
на
светски
писател
кој
води
едноставен
живот
во
неговата
матична
држава
Њу
Хемпшир,
додека
во
реалноста
тој
беше
нешто
сосема
друго”
се
вели
во
тужбата.

Ден
Браун,
во
изјавата,
рече
дека
е
„запрепастен“
од
наводите
и
дека
неговата
екссопруга
не
била
оштетена
при
разводот
и
добила
половина
од
парите
стекнати
во
бракот.

„Од
причини
познати
само
за
неа,
а
можеби
и
за
нејзиниот
адвокат,
Блит
Браун
создаде
преку
тужбата
измислена
и
одмаздувачка
приказна
за
нашиот
брак
 со
цел
да
ме
повреди
и
засрами“,
изјави
Браун
во
соопштението
до
јавноста.

Блит
Браун,
ентузијаст
на
коњи,
која
е
вклучена
во
натпревари
за
јавање
коњи,
инсистираше
на
тоа
дека
ја
поднесува
тужбата
за
да
ја
зачува
„самопочита“.

„Работевме
многу
напорно
заедно,
се
боревме
да
изградиме
нешто
значајно.
Со
голем
успех
дојдовме
на
нашите
ветувања
дека
успехот
и
славата
нема
да
не
сменат
нас
или
нашиот
живот
заедно
“,
рече
таа
во
изјавата
за
јавноста.
„Не
го
признавам
човекот
во
кој
се
претворил
Ден.
Време
е
да
ја
откриеме
неговата
измама
и
предавство.
После
толку
многу
болка,
време
е
за
вистината.
Време
е
да
ги
исправиме
овие
грешки“.

Браун,
роден
во
Њу
Хемпшир,
има
низа
бестселери,
но
е
најпознат
по
„Кодот
на
Да
Винчи“,
трилер
со
загатки
исполнет
со
загатки
што
ги
запознаа
читателите
со
идејата
дека
Исус
Христос
и
Мери
Магдалена
биле
во
брак
и
имале
деца.

Браун
изјави
и
дека
дека
секогаш
ги
признавал
придонесите
на
неговата
поранешна
сопруга,
особено
по
нивната
прва
средба
во
1990
година
кога
таа
го
препознала
неговиот
писателски
талент
и
го
поддржувала
во
тоа.

За
време
на
судењето
во
2006
година
против
издавачот
на
„Кодот
на
Да
Винчи“,
судот
слушна
како
Блит
Браун
беше
суштински
соработник
на
неговиот
во
милиони
продаден
тираж
историски
трилер.
Двајца
автори
безуспешно
го
тужеа,
тврдејќи
дека
Браун
„ја
присвоил
архитектурата“
на
нивната
книга
во
судскиот
случај
со
голем
интерес
во
јавноста
во
Лондон.

Според
изјавите
на
сведоците
и
судското
сведоштво,
Блит
Браун
напорно
истражувала
за
бестселерот,
дала
безброј
белешки
и
предлози
и
понудила
непроценлива
„женска
перспектива“
за
книга
потопена
во
„светото
женско“.

(АП)