„Командант Хоџа“ се повлече од функцијата во владата

Џезаир Шаќири, алијас „командант Хоџа“ денеска изјави дека ја напушта функцијата – надворешен соработник на премиерот Зоран Заев. Причината за неговата одлука, како што наведува во изјава за повеќе медиуми, било тоа што во јавноста се кренале преголеми реакции откако се дознало за неговиот ангажман како советник за борба против радикализмот во владата на Зоран Заев.