Пандемијата на КОВИД-19 го одложи поставувањето на клупата на бардот на македонската култура, режисерот Горан Стефановски, во неговото Дебар маало во чест на денешниот роденден. Клупата требаше да стигне од Лондон . Стефановски, кој со семејствотo живееше во Кентербери, Англија, почина во 2018 година на 66-годишна возраст.

-Денеска, околу ова време, требаше да се собереме во Дебар Маало за да ја откриеме клупата на Горан (заедно со една мала забава за неговиот роденден, кој е утре).

„Тоа, како и многу други нешта, не се случи, но се надевам дека во скоро време ќе бидеме заедно за овој и сите културни настани кои толку многу ни фалат овие денови. Бидејќи, што е животот без културата? До скоро (пупупу)!“, напиша вчера Игор Стефановски на Фејсбук, синот на Горан Стефановски.

Телото на Стефановски беше кремирано на 5 декември 2018 година во „Barham Crematorium“ во Кентербери, а во својот тестамент Стефановски изразил желба пепелта да биде растурена над Охридското Езеро.

Дел од неговото богато творештво се Клинч, Јане Задрогаз, Чиракот Шекспир (радио-драма, 1975),, Сослушувањето на железничарот (тв-драма, 1976), Томе од бензиската пумпа (тв-филм, 1978), Наши години (тв-серија, 1979), Диво месо (драма, 1979), Лет во место (драма, 1981), ХИ-ФИ (драма, 1982), Дупло дно (драма, 1983), Тетовирани души (драма, 1985), Бушава азбука (детска ТВ-серија, 1985), Чернодрински се враќа дома (драма, 1991), Демонот од Дебар Маало (драма, 2006) и многу други.