САД- Операта во Лос Анџелес соопшти дека ќе ги истражи обвиненијата за сексуално злоставување изнесени од неколку жени против славниот оперски пејач Пласидо Доминго.

Според обвиненијата, Доминго се обидувал да ги натера на сексуални односи нудејќи им улоги, а во некои случаи ги казнувал и не им давал улоги доколку го одбиеле неговото удварање.

„ЛА Опера“, чиј генерален директот е Доминго најави дека ќе ангажира надворешен советник да ги истражи „загрижувачките наводи“ за оперскиот пејач.

Доминго обвинувањата ги нарече „длабоко вознемирувачки и неточно претставени“, додавајќи оти верува дека неговите разговори и односи биле „добродојдени и обострано прифатени“.

Во меѓувреме операта во Сан Франциско и Филаделфискиот оркестар ги откажаа планираните настапи на Доминго во септември и во октомври.