Во рамки на 54. МТФ „Војдан Чернодрински“ што ќе се одржува од 7 до 15 јуни во Прилеп, Македонскиот народен театар ќе гостува со претставите „Макбет“ и „Силјан Штркот шанца“.

„Макбет“ од Вилијам Шекспир, во режија на Нела Витошевиќ, ќе биде одиграна на фестивалското отворање (во официјалната натпреварувачка програма), на 7 јуни. На творањето, пак, на 15 јуни 2019, во чест на нагадените, ќе се одигра претставата „Силјан Штркот шанца“, по текст на Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

На 27 јуни, на големата сцена во МНТ, претставата „Макбет“ ќе настапи и на 40. јубилејно издание на „Скопско лето“.