Фото:
Б.
Грданоски

Македонскиот
ПЕН
центар
изрази
длабоко
жалење
за
ненадејната
смрт
на
нивниот
истакнат
член

македонскиот
книжевен
критичар,
раскажувач,
романописец,
драматург
и
поет
Данило
Коцевски.

Оттаму
велат
дека
Коцевски
со
својот
полиграфски
талент
се
вградил
во
современата
македонска
книжевност
и
култура
не
само
како
автор
на
триесетина
книги
од
различни
жанрови,
туку
и
како
главен
уредник
на
списанието
„Разгледи”,
неуморен
и
долгогодишен
хроничар
на
градот
Скопје,
директор
на
„Струшките
вечери
на
поезијата”,
еден
од
иницијаторите
за
основањето
на
Институтот
за
македонска
литература,
како
и
еден
од
клучните
книжевни
критичари
кои
ја
проследуваа
поетиката
на
постмодернизмот
во
македонскиот
и
јужнословенскиот
контекст.


Книжевната
критика
на
Данило
Коцевски
блика
со
префинето
разбирање
на
книжевните
процеси
и
новите
текови
во
уметноста.
И
кога
пишува
за
Одисеј
и
кога
пишува
за
Ное,
во
неговите
прозни
остварувања,
Коцевски
ја
покажува
вечната
актуелност
и
естетска
продуктивност
на
митот.
Како
суптилен
и
пасиониран
хроничар
на
Скопје,
Коцевски
спаси
од
заборавот
стотици
легенди,
анегдоти
и
куриозитети
поврзани
со
зналајни
настани
и
личности
од
историјата
на
македонската
метропола,
велат
од
Македонскиот
ПЕН
центар.

Коцевски,
како
што
посочуваат
од
ПЕН
центарот,
бил
жива
енциклопедија
за
Скопје
и
скопјани.

За
творечките
дострели
во
доменот
на
прозата,
критиката
и
публицистиката,
Коцевски
беше
наградуван
со
низа
престижни
книжевни
признанија,
а
несомнен
е
и
неговиот
придонес
за
развојот
на
македонското
новинарство. Со
своето
богато
критичарско
и
белетристичко
искуство
и
со
живиот
интерес
за
интеркултурната
соработка,
како
член
на
Управниот
одбор
во
неколку
мандати,
Коцевски
даде
придонес
во
активностите
на
Македонскиот
ПЕН
центар,
а
неодамна
беше
и
македонски
делегат
на
Меѓународниот
конгрес
на
Словенечкиот
ПЕН
центар
во
Блед
(2019).


Уверени
сме
дека
неговата
извонредна
интелектуална
љубопитност,
овоплотена
во
раскошниот
книжевен
и
публицистички
опус,
ќе
биде
патоказ
како
за
сегашните,
така
и
за
идните
поколенија,
велат
од
Македонскиот
ПЕН
центар.