САД-

Музејот
„Метрополитен“
во
Њујорк
отпушти
десетина
работници,
а
бројот
на
работници
дополнително
го
намали
со
испраќање
работници
на
чекање
и
во
доброволни
пензии,
што
на
крајот
претставува
20
проценти
помалку
вработени
отколку
пред
пандемијата.
Поради
коронавирусот,
музејот
е
затворен
уште
од
март,
кога
се
случи
последниот
бран
отпуштање
работници,
80
од
нив
во
април.
Кога
на
тоа
ќе
се
додаде
новиот
бран
редуцирање
на
бројот
на
персоналот,
тоа
значи
дека
„Метрополитен“
ќе
има
1.600
вработени,
драстичен
пад
во
однос
на
2.000
вработени
во
март.
Овие
одлуки
се
донесени
врз
основа
на
фактот
дека
музејот
дури
и
да
се
отвори,
бројот
на
посетители
ќе
биде
значајно
помал
отколку
пред
пандемијата.
Планирано
е
да
биде
отворен
пет
дена
во
неделата,
иако
пред
пандемијата
работеше
седум
дена.
Претходно
оттаму
најавија
дека
повторно
ќе
ги
отворат
своите
врати
на
29
август,
но
раководителите
донесоа
друга
одлука.
Ендру
Ем
Куомо,
гувернерот
на
Њујорк,
ги
изненади
управителите
со
веста
дека
музеите
сепак
нема
да
се
отворат
во
четвртата
фаза
од
олабавувањето
на
мерките,
која
започна
во
јули.


Сфаќаме
дека
музејот
во
кој
ќе
се
вратиме
кога
и
да
е,
ќе
биде
многу
поразличен
од
оној
што
го
затворивме
пред
само
шест
месеци

изјави
Ден
Вајс,
извршниот
директор
на
музејот.
Во
дописот
до
персоналот,
управата
соопшти
дека
направила
сѐ
што
е
во
нејзина
моќ
да
го
редуцира
отпуштањето
работници
низ
акции
како
замрзнување
на
работните
места.
Исто
така
ќe
се
промени
и
начинот
на
кој
се
троши
заработката
од
повеќе
од
3
милијарди
долари,
присвојувајќи
25
милиони
долари,
кои
инаку
би
ги
потрошиле
за
посебни
цели
како
откупување
уметнички
дела
и
оперативни
трошоци.
Земајќи
го
предвид
периодот
од
пет
месеци
без
приходи
од
продажба
на
влезници,
од
малопродажба
и
настани,
како
и
предвидената
редукција
на
посетители,
портпаролот
вели
дека
проценуваат
дека
„Метрополитен“
ќе
изгуби
150
милиони
долари
од
приходите.
Намалувањето
на
трошоците
е
имплементирано
во
целата
структура
на
музејот,
но
најмногу
во
малопродажбата,
во
сервисот
за
посетители
и
секторот
за
обезбедување.

Другите
музеи
на
уметноста
во
Америка,
исто
така,
се
помируваат
со
потенцијално
ненадејниот
пад
од
продажба
на
билети
кога
повторно
ќе
ги
отворат
вратите
и,
за
жал,
со
отпуштање
на
персоналот.
Музејот
на
уметноста
на
Филаделфија
најави
отпуштање
на
85
работници,
заедно
со
уште
42,
кои
се
согласија
на
договорено
прекинување
на
соработката.
И
во
Бостон
исто
така,
Музејот
на
убавите
уметности
објави
дека
се
отпуштени
57
работници,
а
приближно
ист
број
избрале
рана
пензија
наместо
откази.