Натписот Македонска опера и балет е изваден од зградата на оваа институција и сега има празно место. Најголемата културна институција во државава согласно Договорот од Преспа и уставните измени, го промени називот во Национална опера и балет (НОБ).

„По насоки и инструкции на Владата, тргнати се старите букви, коишто ќе ги замениме со нови, Национална опера и балет. Направена е пререгистрација и секаде веќе фигурираме како Национална опера и балет. За нови ќе почекаме, тоа ќе чини пари и најверојатно ќе треба да распишеме тендер“, вели генералниот директор на НОБ Васко Ристов.

Владата на 5 март објави дека на својата 124 седница, на предлог на Меѓуресорска работна група им препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции, во однос на името на државата.

Фото: Б. Грданоски