Со изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“, Музејот на Град Скопје ќе се претстави во Панорамскиот музеј на освојувањето на градот Бурса во Турција.

Изложбата се состои од 33 паноа со фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период кои се во сопственост на музејот, а кои потекнуваат од поширокиот простор на Скопската тврдина и чаршија. Автори на изложбата се  Драгица Живкова и  Игор Кузманоски, а нејзин комесар е Климе Коробар.

– Стручниот тим кој работеше на подготовката на изложбата се заложи, преку креативни композициски визуелизации на вредните артефакти со кои располага, да ги прикаже и потенцира реалните повеќевековни животни и културни паралели кои постојат помеѓу Балканот, прикован на половина пат меѓу Европа и Ориентот, и малоазиска Турција, соопшти Музеј на Град Скопје за изложбата која ќе гостува до 7 јуни.

loading…