Актерката
на
кумановскиот
театар
Александра
Пешевска
ја
доби
наградата
за
најдобро
актерско
остварување
на
28
издание
на
Меѓународниот
фестивал
на
камерен
театар
„Ристо
Шишков“,
кое
заврши
синоќа
во
Струмица.

Актерката
наградата
ја
доби
за
улогата
на
Кејт
во
претставата
„Телефонот
на
мртовецот“
од
Сара
Рул,
во
продукција
на
театарот
од
Куманово
во
режија
на
Александар
Ивановски.

Наградата
се
состои
од
златен
медалјон
со
ликот
на
патронот
на
фестивалот
и
парична
награда
во
износ
од
1.500
евра,
а
и
ја
врачи
директорот
на
ФКТ
„Ристо
Шишков“,Ванчо
Ристов
Патриков.

Во
образложението
за
наградата
жири
комисијата
во
состав
Драшко
Зидар,
актер
од
Хрватска
и
лански
лауреат,
Тодор
Кузманов
и
Гоце
Ристовски
напишаа:

„Александра
Пешевска
во
оваа
ролја
манифестира
супериорно
актерско
мајсторство
со
изразени
психолошки
валери,
уверливо
досегнувајќи
ја
зоната
на
внатрешна
чувствителност,
креирајќи
сложен,
но
стамен
лик,
распнат
низ
бурните
времиња
на
човековото
опстојување,
лик
што
кореспондира
со
филозофијата
на
Исус,
а
кој
живее
овде
до
нас,
со
нас
и
во
нас“,
стои
во
образложението
на
жири
комисијата.

Покрај
Пешевска
во
потесниот
избор
за
наградата
влегле
и
актерите
Танкица
Стојанова,
Кети
Дончевска
Илиќ,
Горан
Илиќ,
Сашо
Ристовски,
Сашка
Димитровска,
Атанас
Атанасовски
и
Магдалена
Ризова
Черних.

Фестивалот
се
одржа
на
отворена
сцена
во
Градскиот
парк
во
Струмица
со
почитување
на
заштитните
мерки
од
пандемијата.

Фестивалот
финансиски
е
помогнат
од
министерството
за
култура
и
општина
Струмица.