Постојаната поставка на Националната галерија на Северна Македонија, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку VR платформата.

Како што информират од Галеријата, поради затворените изложбени простори во согласност со препораките на Владата на Северна Македонија, НГ се движи од галерискиот простор кон виртуелниот.

-Покрај оваа можност, тимот на галеријата постојано размислува за нови виртуелни опции за анимација на својата публика од различни професионални и возрасни групи, почна да нуди и бесплатни платформи за симнување на дигитални форми на каталози и монографии од наши досегашни изложби, проекти и активности, секако во издание на Галеријата. Наскоро најавуваме и виертуелни описи и презентации на дела од нашата богата колекција, презентирани од нашиот стручен кадар, соопштија од Галеријата.

Информираат дека во подготвка е и скорешна промоција на виртуелни работилници и уметнички игри за најмалите посетители, децата, кои ќе бидат изготвени од едуативен тим и ќе одговараат на различни возрасти на деца – дошколска и школска возраст, средно училиште и  децата со посебни потреби.