Фото: Б. Грданоски

Националната опера и балет со шиење заштитни маски, изработени од шивалните од одделот за костимирање, се приклучи во практичната помош за заштита од ширење на коронавирусот. Националната установа вчера донираше 162 заштитни маски од свое производство за вработените на Министерството за култура.

Како што наведуваат во соопштение, нивните соработници во шивалните деновиве ќе изготват уште илјада заштитни маски кои во соработка со кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни. Акција ќе продолжи и утре.

-На овој начин, Националната опера и балет и практично придонесува во борбата против светската пандемија на коронавирусот, покрај редовното споделување на својот оперско-балетски репертоар на јутјуб каналот на установата, соопшти Националната установа.