МАНУ
и
„Матица
македонска“
од
Скопје
го
објавија
најновиот
роман
на
Божин
Павловски
„На
пат
за
Ахасферија“.

-Иако
станува
збор
за
необичен
автобиографски
роман
на
познатиот
писател,
во
делото
паралелно
се
раскажани
и
животните
приказни
на
неколкумина
знаменити
Македонци.
Како
на
филмско
платно
се
отсликани
судбините
на
поетот
Анте
Поповски,
кој
на
млади
години
ја
напушти
медицината
и
се
посвети
на
литературата
и
на
духовната
еманципација
на
својот
народ
и
на
Џон
Блек
Лапојкоски,
многустрано
образовано
момче
од
Мариово,
родено
по
грешка
на
природата
со
црна
боја
на
кожата,
кое
во
туѓина
се
издига
во
рангот
на
најголемите
светски
филантропи,
објаснуваат
издавачите.

Романот
„На
пат
за
Ахасферија“
е
проткаен
со
копнежите
и
заблудите,
поврзани
со
македонското
прашање.
Во
него
е
раскажана
и
сторијата
за
потомците
на
боемот
Васил
Мојанов,
кои
исчезнуваат
во
Мариово,
но
ја
продолжуваат
лозата
како
грчки
дипломати
со
презимето
Мојанис.

Божин
Павловски
е
автор
на
дваесет
и
два
романи,
за
кои
е
добитник
на
бројни
национални
и
меѓународни
награди,
меѓу
кои
и
на
државната
награда
„11
Октомври“
за
животно
дело
од
областа
на
култура.
Неговите
романи
се
преведени
на
повеќе
јазици,
со
осумдесет
странски
изданија,
од
кои
17
во
глобалната
дигитална
продажба
на
„Kindle
Books“.