Еден од најголемите музички изведувачи на денешницата Ник Кејв и неговиот бенд „Д бедс сидс“ ја најавија турнејата за 2020 година. Белградскиот концерт кој ќе се одржи во арената „Штарк“ и е единствениот потврден за регионов кој ќе се случи на 4 јуни.
Во рамките на оваа турнеја Ник Кејв ќе настапи во 19 земји, вклучувајќи и шест настапи во Велика Британија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок, 25 октомври од 10 часот по локално време на nickcave.com и на tickets.rs.
Седумнаесетиот албум на Ник Кејв и „Д бед сидс“ со наслов „Ghosteen“ е објавен на дигиталните платформи на 4 октомври и ширум светот е окарактеризиран како најдобар албум на бендот во досегашната кариера. Продажбата на винил и ЦД ќе почне на 8 ноември на nickcave.com/ghosteen.