Шведска-Австрискиот писател Питер Хандке е добитник на Нобеловата награда за литература за 2019 година, а одложената награда за 2018 година ѝ припадна на полската писателка Олга Токарчук, соопшти денеска Шведската академија, пренесе Ројтерс.

Хандке ја освои наградата за 2019 година за за влијателно дело кое со јазична генијалност ја истражуваше периферијата и специфичноста на човечкото искуство, се вели во соопштението на Академијата.

Доделувањето на наградата за 2018 година лани беше одложен поради сексуалниот скандал кој ја потресе Академијата.

Наградата за 2018 година Токарчук ја доби за наративна имагинација која, со енциклопедиска страст, претставува преминување на границите како форма на живот, соопшти Академијата.

Лауреатите добија по 9 милиони шведски круни за својот придонес во светската литература.