Во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” денеска напладне ќе биде отворена изложба-саем „Новите книги на Русија” која ќе може да се посети во наредните три дена.

Ќе бидат претставени повеќе од две илјади книги објавени во последните години од водечки руски издавачки куќи, како: „Наука”, „Источна литература”, „Академија”, „Питер”, „Академски проект”, „Росспен”, „Практика”, „Бином”, „Алпина паблишер“, „Омега-Л”, Издателство МГУ, „Флинта“, „ОГИ”, „Јурајт“…

Изложената литература е од различни области – стручни книги, изданија за изучување на рускиот јазиик и литература, наслови од класиците на руската книжевност, но и од современи руски автори, како и  книги за деца од претшколска и училишна возраст.

Изложбата  ја организираат Претставништвото на Руската академија на науките за земјите на Источна Европа и Рускиот центар при УКИМ,  а ќе ја отвори рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Александрович Баздникин.

loading…