Издавачката
куќа
„Слово“
ја
објави
книгата
„Лирската
биографија
на
Конески“
од
Атанас
Вангелов,
еден
од
нашите
најдобри
познавачи
на
делото
на
Конески
кој
со
децении
систематски
го
истражува
неговиот
опус.


Во
студијата
„Лирската
биографија
на
Конески“,
Атанас
ја
дава
досега
најзначајната
синтеза
за
епохалното
дело
на
големиот
македонски
поет.
Оваа
студија
е
уникатна
по
својот
пристап.
Овде
тој
настојува
да
го
долови
„личниот
печат“
во
поезијата
на
Конески
што
се
таи
под
нејзината
чудесна
едноставност,
која
е
одлика
на
исклучителни
и
раскошни
духови.
Правејќи
суптилни
херменевтички
анализи,
Вангелов
го
разгатнува
и
процесот
на
идентификација
на
Конески
со
духовните
стремежи
на
својот
народ

од
св.
Климент
Охридски,
преку
Глигор
Прличев
до
Кочо
Рацин.

„Лирската
биографија
на
Конески“
е
неодминлива
книга
на
еден
голем
познавач
на
делото
на
нашиот
голем
поет,
впечатлив
влог
во
македонската
наука
за
книжевноста
и
во
македонската
култура
пошироко,
соопшти
издавачот
на
книгата.