САД– Оперската легенда, сопранистката Џеси Норман почина на 74 години од компликации од повреда, соопшти семејството.

Норман, која како дете пеела госпел во црковниот хор, со години ја градеше оперската кариера низ Европа, пеејќи за германски и италијански оперски куќи. Од 1962 година, дебитира во операта во Филаделфија, а следната година ја освојува и славната опера „Метрополитен“. Во средината на 80-тите беше меѓу најбараните сопранистки во светот.

Норман пееше на втората ингурација за американските претседатели Роналд Реган и Бил Клинтон, но и на отварањето на Летните олимписки игри во 1996 година, како и на Меморијалот за жртвите од нападите на 11 септември, во 2002 година.

Има освоено четири Греми награди, Греми за животно дело, како и признание од центарот „Кенеди“.