Асаф Адеми од редовите на политичката партија „Алтернатива“ денеска информираше дека се повлекува од функцијата министер за култура од здравствени причини.

Тој, на пресконференција од партиското седиште рече дека оставката ја донел во консултација со претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши.

Адеми на функцијата министер за култура дојде во јуни 2018 година. Тој е дипломиран градежен инженер, а во биографијата се запишува и неговото амбасадорско место во Данска. Претходно, бил и раководител на урбанистички сектори во гостиварската општина, но и менаџер на компанија која нуди услуги во областа на информатичката технологија.

Засега, незивесно е кој ќе седне на министерското столче во културата.

Претходно, на прес-конференција во Владата, премиерот Зоран Заев рече дека новото решение за овој ресор ќе се прави врз основа на ка

loading…