Националната
установа
„Охридско
лето“
е
пред
реализација
на
најзначајниот
фестивал
во
државата
кој
годинава
слави
60
години
од
неговото
постоење.
Ова
јубилејно
издание
ќе
се
одржува
според
протоколите
предвидени
со
моменталната
состојба
предизвикана
од
Пандемијата
Ковид
19 и
препораките
кои
ги
даде
Комисијата
за
заразни
болести. Благодарни
сме
што
надлежните
сепак
најдоа
решение
за
одржување
на
културните
збиднувања со
што
и
годинава,
по
60-ти
пат,
ќе
блесне 
сцената
на
врвните
уметнички
вредности
на
класичната
музика
и
театарот.

Реализацијата
на
Фестивалот
„Охридско
лето“- 2020 ќе
биде
според протоколот
за
одржување
културни
настани и
почитување
на мерките
за
заштита
од
коронавирусот
Ковид-19.
Почетокот ќе
биде
на 4
август
кога
фестивалот
го
одбележува
својот
роденден. Ќе
спроведеме
онлајн
продажба
на
билети,
а
посетителите
кои
ќе
доаѓаат
на
настаните
треба
да
носат
заштитни
маски.
Од
наша
страна
на
сцените
каде
ќе
се
одржуваат
настаните
ќе
се
постават
средства
за
дезинфекција.
Исто
така
ќе
се
почитуваат
и
мерките
за
одржување
на
социјална
дистанца
од
два
метри
како
за
публиката
така
и
за
уметниците.

Како
Национална
установа
за
нас
најголем
приоритет
е
грижата
за
јавното
здравје
водејќи
сметка
за
безбедноста
на
нашата
верна
публика
и
врвните
уметници
кои
ќе
бидат
дел
од
годинешново
издание.

Инаку
подготовките
се
во
тек,
се
адаптираат
сцените
и
гледалиштата
според
новите
протоколи,
се
прават
финалните
преговори
со
уметниците
поврзани
со
условите
на
новонастанатата
состојба
со
Корона
вирусот,
се
привршуваат
сите
техничко
организациски
активности
за
успешна
реализација
на
Фестивалот.

Корона
кризата
можеби
ќе
го
смени
начинот
на
реализација
на
настаните,
можеби
ќе
има
ограничен
број
на
посетители,
намален
број
на
концерти
и
претстави
но
никако
нема
да
влијае
врз
квалитетот
на
она
што
ќе
го
понудиме.
Ќе
се
потрудиме
на
имаме
и
поголем
број
на
онлајн
концерти,
настани
кои
љубителите
на
уметноста
ќе
можат
да
ги
следат
преку
лајв-стриминг.

Целосно
и
професионално
сме
ангажирани
Фестивалот
да
помине
во
беспрекорна
реализација
со
содржини
кои
успешно
ќе
ја
надградат
успешната
културна
приказна
на
Охридско
лето
изминативе
60
години,
изјави
за
„Независен“
 Наташа
Поповиќ,
директор
НУ
Охридско
лето.