Мексико – Славниот шпански оперски пејач Пласидо Доминго (79), е згрижен во болница во Акапулко, Мексико, поради компликации од заразата со КОВИД-19, изјави денеска неговиот гласноговорник.

– Тој е добро и реагира на терапијата, додаде тој за Си-Ен-Ен.

Доминго минатата недела објави дека е заболен од новиот коронавирус, повикувајќи ги своите обожаватели на нимателност.

„Заедно можеме да се избориме против вирусот и да ставиме крај на оваа криза за да можеме што поскоро да се вратиме на нашите секојдневни активности“, напиша Доминго на Фејсбук.

Славниот тенор претходно ги откажа сите јавни ангажмани поради обвинувањата за сексуално вознемирување. Истрагата спроведена од операта во Лос Анџелес откри дека оперската ѕвезда се вклучил во „несоодветно однесување“ со жени помеѓу 1986 и 2019 година, кога тој поднесе оставка како генерален директор на О.Л.А.