Во
85-тата
година
од
животот
вчера
почина
писателот
Миле
Неделкоски

поет,
романсиер,
раскажувач,
драматург,
соопшти
Друштвото
на
писателите
на
Македонија
во
кое
Неделковски
членувал
од
1963
година.

Роден
е
на
25
ноември
1935
година
во
Прилеп.
Од
1963
до
2009
ги
објавил
збирките
поезија:
„Срцето
од
злато“; 
„Јужно
лето“;
поемата
„Улавиот
од
Преспа“;
„Еретикон–Еротикон“;
„Недела,
ден
за
каење“;
„Битпазар

стилски
вежби,
ете…“; 
поемата
„Заточеници“;
Огледало
на
сенките“;
„Секогаш
иста“;
„Задушница
за
престапните“
и
„Палимпсест“,
романите:
„Пепелаши“;
„Трненки“;
„Пандур“;
„Потковица
на
смртта
и
надежта“;
„Петрафил
за
вечната
земја“;
„Подгревање
на
вчерашниот
ручек“;
„Создателот
и
старата
емигрантка

продавачка
на
разни
плодови“; 
„Празникот
на
светите
маченици“; 
„Јавна
кривична
пријава“;
„Постела
на
сенките“

роман
во
три
дела; 
„Пределот
со
две
годишни
времиња“;

Другиот
ден“
и
„Ланскиот
снег“.

Како
што
соопшти
ДПМ,
Неделкоски
е
автор
и
на
драмските
текстови:
„Триумфот
на
Тројанскиот
коњ“
(драма
во
стихови,
1974);
„Враќање
во
арената
на
стариот
прославен,
заслужен
и
ислужен
кловн“
и
„Пропаста
на
Олимп“
(стихувани
драми,
1983),
„Прозорец
што
гледа
на
улица“,
„Преспански
круг
со
црвена
боја“
и
„На
крепоста
чувари“
(1985).

Добитник
е
на
наградите:
„Браќа
Миладиновци“
и
„Рациново
признание“.