Шведска-Шведскиот писател Пер Олов Енквист, еден од најистакнатите претставници на скандинавската литература од 20 век, почина на 85-годишна возраст, објави неговото семејство, пренесуваат агенциите.

Енквист беше романсиер, драматург, новинар и есеист чии дела се преведени на повеќе од 20 јазици.

Тој ја стекна меѓународната слава преку својата проза во документарен стил и способноста да ги обликува историските факти во романи со извонредна длабочина, од „Кристалното око“ објавен во 1961 година до „Книгата на параболи“ во 2013 година.

Филмот „Pelle the Conqueror“ во чие сценарио помогна, освои Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.