Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Орестија 1/4“ во режија на Ивица Димитријевиќ, според авторски текстови и по „Орестија“ на Ајсхил.
Претставата е македонска верзија – дел од проектот „The Chorus Project“ поддржан од програмата на ЕУ „Креативна Европа“. Копродукција е на МКЦ-Скопје, Апстарт театар (Upstart Theater) од Лондон, Патос (Pathos) од Минхен и Театар Ам Ленд (Theater am Land) од Грац.

-Основната идеја на „The Chorus Project“ е реобмислување на улогата на хорот во античката трагедија „Орестија“ од Ајсхил, во однос на денешниот социополитички и културен контекст и тоа: што значи демократија во 21 век, што значи да се биде граѓанин, што значи Европа и „европската иднина”, како да се поврзат локалното и глобалното, што е индивидуалното наспроти колективното? Накратко, како да се претстави демократијата на сцена, соопшти МКЦ за проектот кој се одвива во две години и во неколку фази.

„Орестија“ е трилогија, но „The Chorus Project“ ќе се обиде да го обмисли и загубениот четврти дел, сатирската игра. Претставата „Орестија 1/ 4“ е, всушност, вториот дел од трилогијата ,,Надгробно жртвување”. Целиот проект треба да биде завршен во декември 2020 година. а премиерата на сите четири делови заедно е предвидена за фестивалот Млад отворен театар во 2020 година.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска, сценографијата, визуелното обликување и дизајнот на плакатот е на Кристина Божурска, а автор на музиката е Јане Трајковски.

Во актерската екипа се: Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Жарко Јовановиќ, Драгана Лошкова и Димитрија Доксевски. „Орестија 1/4“ утревечер ќе биде репризно изведена,