Премиера на претставата „Три сестри“ од Антон П. Чехов ќе се изведе во петок, 21 јуни, во Турскиот театар во Скопје. Адаптација на текстот и режијата е на Васил Христов. Тој застанува и зад сценографијата, како и изборот на музика. Костимите ги изработи Розе Трајчевска-Ристовска.

Во претставата играат Џенап Самет, Емине Халил, Ерман Шабан, Инес Радончиќ, Жале Османли, Наџи Шабан, Неат Али, Осман Али, Селпи Керим, Сузан Акбелге, Јеткин Сезаир.

Премиерната изведба е со почеток во 20 часот во просториите на „Театар Комедија“.

„Три сестри“ е драма која зборува за желбата за подобар живот на трите сестри Огла, Маша и Ирина.