Фото:
Б.
Грданоски

Промоција
на
четири
капитални
изданија
за
македонскиот
јазик
ќе
се
одржи
денеска
во
10,
30
часот
на
платото
пред
Македонската
академија
на
науките
и
уметностите
(МАНУ).


На
иницијатива
на
Македонската
академија
на
науките
и
уметностите
и
со
целосна
поддршка
и
вклученост
на
Институтот
за
македонски
јазик
„Крсте
Мисирков“,
Филолошкиот
факултет
„Блаже
Конески“
и
Советот
за
македонски
јазик,
деновиве
од
печат
излегоа
делата:
„Македонскиот
јазик

континуитет
во
простор
и
време“,
колективна
монографија
во
којашто
што
е
даден
синтетски
преглед
на
историскиот
развој
на
македонскиот
јазик
од
IX
век
па
сè
до
неговата
кодификација;
„Погледи
за
македонскиот
јазик“,
меѓународен
зборник
на
трудови
во
којшто
над
40
странски
и
македонски
лингвисти
имаат
свои
прилози
за
различни
аспекти
на
македонскиот
јазик;
„Македонска
хрестоматија“,
избор
на
позначајни
македонски
текстови
од
IX
до
XX
век;
и
„Лингвистички
атлас
на
македонските
дијалекти
(според
материјалите
на
ОЛА)“
кој
дава
продлабочен
увид
во
лексичкото
богатство
на
македонските
дијалекти,
се
вели
во
соопштението
од
МАНУ.

Сите
овие
дела
се
поставени
и
во
дигитална
форма
на
главната
страница
на
МАНУ.

Воведно
обраќање
ќе
има
претседателот
на
МАНУ
Љупчо
Коцарев,
а
книгите
ќе
ги
промовираат
Катица
Ќулавкова,
Снежана
Велковска,
Димитар
Пандев
и
Марјан
Марковиќ.


Со
излегувањето
на
овие
значајни
изданија
за
македонскиот
јазик,
а
и
со
заедничката
промоција,
македонската
лингвистичка
средина
се
обединува
за
да
даде
вистински
аргументирани
и
научни
одговори
за
континуитетот
и
еволуцијата
на
македонскиот
јазик,
а
и
за
неговото
место
во
меѓународната
славистика
и
лингвистика,
наведуваат
од
МАНУ.