Премиерот Зоран Заев денеска ги соопшти имињата на функционерите кои ќе ги предложи до Владата да бидат разрешени. Меѓу бројните имиња ја спомена и драматургот Викторија Рангелова-Петровска која ја извршува директорската функција во Драмскиот театар во Скопје.

Минатата година во септември кога тогашниот министер за култура Асаф Адеми именуваше дваесетина директори на културни институции, ја назначи и Рангелова – Петровска да го води Драмскиот театар.
Претходно, тој театар како в.д. директор го менаџираше актерот Сашо Тасевски.

– Од денеска ќе почне постапка на именување на новите носители на државни функции, дел преку надзорни одбори, дел преку ресорни министри кои имаат можност да одлучуваат за таквите постапки. Секако за тие постапки постојат законски процедури. Ова се одлуки кои јас ќе ги доставам до Владата и до управувачките органи или носителите на одлуки – рече Заев.

И.Н.