Расказот
„Наредното
евангелие“
од
македонскиот
раскажувач
Томислав
Османли
вчера
беше
објавен
на
портал „Sinhro“ во
Србија.
Тоа
е,
инаку,
прва
објава
на
најновата
прозна
творба
на
авторот
кој
неодамна
стана
добитник
и
на
престижното
„Рациново
признание“
за
неговата
збирка
раскази
„Парадоксикон“.
 „Наредното
евангелие“
е
куса
проза
во
која
авторот
ја
испишува
својата
литературна
рефлексија
врз
пандемијата.
Тој
феномен,
со
кој
човештвото
драстично
се
соочи
од
почетокот
на
оваа
година,
Османли
го
слика
како
стихија
од
библиски
вид,
како
дамнешна
епидемија
што
денес
само експлодира
среде
 крајно
поделеното
и
дистанцирано
човештво.

Оваа
проза
на
Османли,
инаку
познат
по
литературното
творештво
во
кое
негува
богати
стилски
изрази,
е
пишувана
во
псевдо-библиски
стил.
Во
неа
писателот
гради
метафизичка
слика
на
поделеното
човечко
општество
потонато
во
егоизам
и
во
разновидни
и
сѐ
подрастични
судири.
За
авторот
на
„Наредното
евангелие“
глобалното
отуѓување
е
причина
и
за
епидемијата
на
глобалната
осаменост.
Општествената
поделеност
и
изолацијата,
според
Османли
станува
повод
и
за
социјалните
дистанцирања
во
денешницата
на
затворања,
самоизолации,
осамувања.
„Новата
реалност“
се
држи
на
последните
сили
на
хуманизмот
и
на
човечката
глобална
сочувственост
којашто,
во
својата
драстична
прозна
визија,
авторот
му
ја
припишува
единствено
на
бога
кој
не
сака
да
ја
изговори
речта
на
пропаста.
Но,
таква,
сугерира
писателот
на
„Наредното
евангелие“,
таа
веќе
во
следниот
момент
се
заканува
да
стане
конечно
изустена
катастрофа
на светот
каков
што
го
познаваме…

Името
на
Томислав
Османли,
македонски
писател
широко
објавуван
во
бројни
уметнички
и
литературни
медиуми
низ
регионот,
на
овој
портал
се
јавува
по
трет
пат.
Во
април
годинава
„Sinhro“ 
го
објави
кусиот
расказ
„Запис“
од
неговата
збирка
„Каприча“
(„Магор“,
Скопје,
2009,
„Прометеј“,
Нови
Сад,
2019)
во
превод
на
Зоран
Ж.
Пауновиќ,
а
мината
година,
го
објави
критичкиот
осврт
„Зад
аголот
-роман
за
болните
точки
на
цивилизацијата
на
прагот
од
21
век“
од
Д-р
Сашо
Огненовски,
критичар
и
писател,
кон
српското
издание
на
романот
„Зад
аголот“
од
Томислав
Османли.

Наскоро
расказот
ќе
се
појави
во
оригиналната
верзија,
на
македонски
јазик
.