Годинешниот
добитник,
израелскиот
поет
Амир
Ор

За
да
го
зачува
континуитетот
што
го
има
од
1961
година,
фестивалот
Струшки
вечери
на
поезијата
ќе
се
одржи
и
годинава
и
ќе
ги
има
препознатливите
програмски
содржини,
но
во
редуцирана
форма
и
ќе
трае
пократко,
од
28
до
30
август.
Како
што
соопшти
дирекцијата
на
фестивалот,
Комисијата
за
заразни
болести
го
одобрила
подготвениот
протокол
за
негово
организирање.

-Сегашните
околности
дозволуваат
да
се
организира
фестивал
со
физичко
присуство
на
домашните
поети,
а
поканетите
учесници
од
странство,
поради
рестрикциите
во
однос
на
патувањата
и
авионските
летови,
но
и
заради
минимизирање
на
ризикот
од
ширење
на
вирусот,
ќе
бидат
претставени
преку
видеочитања.
Специјално
видеообраќање
како
и
видеочитање,
подготви
и
годинешниот
лауреат
на
СВП,
израелскиот
поет
Амир
Ор,
кој
ќе
биде
специјален
гостин
на
наредното,
јубилејно
60-то
издание
на
СВП
во
2021
година,
кога
и
ќе
му
биде
врачен
„Златниот
венец“,
заедно
со
лауреатот
за
2021
година,
соопштија
од
СВП.

Повеќе
од
30
домашни
и
странски
поети
ќе
учествуваат
на
главните
фестивалски
читања.
Дел
од
програмата
ќе
бидат
и
петте
кандидати
од
потесниот
избор
за
наградата
„Браќа
Миладиновци“
која
што
ќе
биде
доделена
и
оваа
година
за
најдобра
поетска
збирка
помеѓу
две
изданија
на
СВП,
а
ќе
бидат
застапени
и
слем-поети
од
земјава
и
од
странство.

Согласно
со
протоколите
за
организација
на
настани
во
услови
нa
пандемија,
СВП
подготви
предлог-протокол
за
одвивање
на
фестивалот,
што
беше
одобрен
од
Комисијата
за
заразни
болести.
За
намалување
на
ризикот
од
ширење
на
вирусот,
како
и
заштита
на
здравјето
на
учесниците
и
на
публиката,
оваа
година
има
измена
на
локацијата
на
одржување
на
фестивалот.
Најсоодветна
алтернатива
за
организација
на
програмата,
наведуваат
од
СВП,
е
покриената
тераса
на
хотел
„Дрим“,
на
која
и
вообичаено
се
одвиваат
дел
од
програмските
активности
во
редовните
изданија
на
фестивалот.


Физичкото
присуство
на
публиката
ќе
биде
ограничено
поради
капацитетот
на
просторот
и
поради
протоколите
за
заштита,
но
програмата
на
фестивалот,
почнувајќи
од
минатогодишното
издание,
целосно
се
пренесува
во
живо
на
официјалниот
Јутјуб-канал
на
СВП,
така
што
ќе
биде
овозможено
целосно
следење
од
поширок
аудиториум.
Престојот
на
учесниците
е
регулиран
согласно
протоколите
за
работа
на
хотелот
во
услови
на
пандемија.
Ќе
има
обезбеден
организиран
превоз
за
учесниците
на
релација
Скопје

Струга

Скопје,
а
избраниот
економски
оператор
е
должен
да
ги
спроведува
протоколите
за
превоз
на
патници
во
услови
на
пандемија,
се
наведуива
во
соопштението
од
дирекцијата
на
Струшки
вечери
на
поезијата.