Пијанистот Симон Трпчески објави нова ЦД компилација од дела насловена „Сказни од Русија“, во издание на британската етикета ОНИКС.

Трпчески за својот најнов соло носач на звук, трет за оваа издавачка куќа, направил внимателен избор од фасцинантна и инспиративна музика на пијано.

Компилацијата содржи наслови како „Сказните на Старата баба“ од Сергеј Прокофјев, „Ноќ на Голиот рид“ од Модест Петрович-Мусоргски и „Сказна за Шехерезада“ од Римски-Корсаков.