Спасовски молчи за невработените полицајци

Пред две години, кога министерот Спасовски, ја презеде функцијата вети дека сите 434 кандидати кои ја завршија полициската обука ќе бидат примени на работа. Но, денес тој одбра да не одговори зошто 31 дипломиран полицаец се уште не работат. Од неговиот кабинет ни кажаа дека министерот нема да одговори на други прашања освен во врска со денешниот настан за да не останела под сенка промоцијата на работата на Центарот за поддршка и спасување. Веќе пет дена телевизијата Алсат-М го прашува МВР и преку електронската пошта, но нема одговор. Молчи и секторот за комуникации со јавноста. Тие се двоумат да одговорат на прашањата зошто овие 31 лице не е на работа, дали овие лица имаат право повторно да конкурираат и зошто им биле дадени официјални полициски униформи на лицата кои не се членови на полицијата. Според информациите кои ни ги тврдат запоставените лица, само тројца од вкупно 34 колеги, почнале да работат. За нив, тие се сомневаат дека имале блиски врски со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

34-те лица кои биле последни во списокот со кандидати кои ја завршиле обуката во 2016 година, во тоа време биле одбиени со образложение дека Министерството за финансии предводено од ВМРО-ДПМНЕ, наводно поради партиски цели не обезбедило доволно пари. МВР останува на истиот став, иако со Министерството за финансии сега раководи СДСМ, од чија партија припаѓа и Оливер Спасовски. Од 2016 година досега, на работа беа примени повеќе од 1.500 нови полициски службеници.