Турција – Министерот за култура Хусни Исмаили кој деновиве престојува во работна посета на Истанбул, Република Турција, синоќа во Музејот на уметноста присуствуваше на настанот на кој беше претставено творештвото на повеќе македонски автори во рамки на 38. Меѓународен саем на книгата во овој град.

Како што соопшти денеска Министерството за култура, пред турската читателска публика и турските издавачи беше претставено творештвото на младите македонски автори Славица Гаџова-Свидерска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Михајло Свидерски. За таа цел беше изготвен и каталог со  извадоци од нивните прозни и поетски дела преведени на турски јазик.

Настанот, во организација на Културно-информативниот центар во Истанбул, беше во рамките на проектот „Претставување на македонски автори во Истанбул“ во организација на издавачката куќа „Восток“.